Македонскиот женски шампион Вардар со пораз од Ѓер 27-22 во Јане Сандански ги започна новите возбудавања во Лигата на Шампиони.
Унгарките беа далеку поквалитетен тим на премиерниот меч со Вардар, но најголемиот противник на домашните ракометарки беше психолошкиот товар.
Од самиот старт на натпреварот ракометарките на Ѓер со лесни голови во нападот покажаа дека ќе се надигруваат со Вардар.
Но, „црвено црните“ не возвратија исто и потклекнаа пред главниот ривал во групата за првата позиција.
Избраничките на Индира Кастратовиќ во втората рунда од ЛШ ќе се сретнат со тимот на Хипо од Австрија.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.











