Женскиот ракометен клуб Вардар со триумф над Савехоф во Шведска 29-26 (14-14) ги заврши мечевите по групи во главната фаза од Лигата на Шампиони.


Избраничките на Индира Кастратовиќ ја оправдаа фаворитската улога, но до победата стигнаа потешко од очекувањето.

Домаќинките се до финишот на првиот дел имаа континуирано водство, а „вардарки“ со серија погодоци се изборија за егал (14-14) на полувремето.

Во второто полувреме „црвено црните“ го стегнаа обрачот пред голот, а се „распукаа“ во нападот што им донесе предност.

Ракометарките на Савехоф не се предадоа и во финишот се доближија на -2, но не го искористија нападот, а гостинките го казнија тоа и ја заверија победата.

Со седум погодоци најпрецизна беше Сокач, пет реализираше Лазовиќ, четири Пенезиќа, а Суслина собра десет успешни интервенции.

Исходот од мечот Букурешт – Ѓер ќе го означи местото на Вардар на табелата и кој противник ќе го добие во четвртфиналето.

OhridNews