Ракометарките на Вардар експресно им се вратија на победите во Лигата на Шампиони совладувајќи го тимот на Битигхајм 30-22 (13-8) во деветтата рунда од главната фаза.

Со триумфот пред своите гледачи „вардарки“ ја заверија првата позиција во групата која ќе им донесе противник по мерка во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.

„Црвено црните“ својот квалитет го демонстираа во втората половина од првиот дел во кој се одлепија на семафорот. Претходно, германските ракометарки имаа водство и добро парираа во Скопје.

Во второто полувреме домаќинките стигнаа до двоцифрена предност и ротацијата во составот им овозможни пристоен пораз од осум голови разлика на германскиот состав.

Најпрецизна во екипата на Вардар беше Андреа Лекиќ со осум погодоци, а свој блесок помеѓу стативите имаше Амандин Лејно која запиша 13 успешни одбрани.

Фото: Гол.мк
OhridNews