Ракометарките на Вардар го забележаа осмиот триумф по ред Лигата на Шампиони совладувајќи го Турингер со 31-29 (18-13) во седмата рунда од главната фаза. 


Со победата во Германија избраничките на Дејвис Камара и теоретски го обезбедија пласманот меѓу ТОП 8 екипите на стариот континент.

„Вардарки“ до 20-та доминираа и имаа водство од седум голови разлика, но германките со една мини серија на крајот стигна до пет негатива (18-13) на полувремето.Домашниот состав после 20-тина минута игра во вториот дел го стопи водсвото на „црвено црните“ и го презеде.

Во последната минута двете екипи влегоа со идентичен исход на семафорот (29-29). Андреа Лекиќ погоди за водство на Вардар, домаќинките имаа напад за реми, но не го реализираа и Херем на празен гол стави точка на победата.

Андреа Пенезиќ со 10 голови беше најефикасна во составот на Вардар, а Лекиќ постигна два помалку. Кај домаќинките најмногу се истакна голманката Краузе која имаше десет одбрани во вториот дел.

OhridNews