Напаѓачите на Атлетико и Реал, Фернандо Торес и Кристијано Роналдо, имаа жесток вербален дуел во финишот на првото полувреме на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите.

Вербалниот дуел се случи во финишот на првиот дел, веднаш по голот што го постигна Иско, со кој Реал го завери пласманот во финалето.

„Во што е проблемот“, рекол Торес, а потоа оттурнувајќи го Португалецот му вели: „Кловн“. „Оди си дома идиоту“, му возвраќа Кристијано Роналдо.

Поголем судир на двајцата фудбалери спречи судијата Сунејт Чакир. Потоа Роналдо се оддалечува со својата карактеристична насмевка, што дополнително го разлути Торес. „Ку…н сину“, дофрлил Ел Нињо.

Реал со вкупен резултат 4:2 го елиминира Атлетико и во финалето ќе игра против Јувентус.

OhridNews