Унгарскиот првак Веспрем со 29-26 (12-9) го совлада Вардар во првата битка од четвртфиналната војна во Лигата на Шампиони.
Ракометарите на Веспрем покажаа огромен карактер и квалитет не потклекнувајќи во пеколната атмосфера во „Јане Сандански“.
Гостите одиграа маестрална одбрана поткрепена од голманот Мирко Алиловиќ кој имаше своу шоу особено во првиот дел.
„Црвено црните“ потфрлија во одбранбениот сегмент, а и нападот не беше на посакуваното ниво. Арпад Штербик немаше свој ден, а исто така и Милиќ и Ангелов кои добија шанса за настап.
Македонскиот шампион и покрај негативата од пет погодоци во неколку наврати, не се предаде и направи се за да се врати во игра.
Делумно успеа, намалувајќи ја разликата од пет на три погодоци за конечни (29-26) во првиот четвртфиналниот натпревар.
Во составот на Веспрем, Момир Илиќ реализираше 9 голови, а Арон Палмарсон осум од кои пет во вториот дел. Кај домаќините по шест пати мрежата ја погодија Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.
Мх.П.