Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, во интервјуто за клупската интернет страница, рекол дека е импресиониран од начинот на кој оваа сезона играат финалистите во Лигата на шампиони, Баерн и Борусија.


„Улогата на фаворит во финалето на Вембли би му ја доверил на Баерн“, изјавил поранешниот српски репрезентативец.

Видиќ рекол дека не му било сеедно додека го гледал полуфиналето помеѓу Реал и Борусија, бидејќи бил свесен дека на местото на реал можел да биде неговиот тим.

„Сепак, генерално ние можеме да бидеме задоволни од оваа сезона – ја освоивме шампионската титула што беше приоритет пред почетокот на сезоната. Се надевавме дека можеме повеќе да направиме во Лигата на шампиони и ФА купот, но тоа е фудбалот“, рекол Видиќ.

“Сите честитки за Баерн, играат многу добар фудбал, играат тимски. Тешко е да се игра против нивната брза игра. Борусија на сличен начин играше против Реал, што значи дека постои тренд во германскиот фудбал. Мислам дека треба да го следиме нивниот пример“, дополнил Видиќ. 

“Макфакс“