Фудбалерите на Арсенал ги разочараа своите навивачи откако претрпеа пораз 3-1 на Емирати од составот на Монако во 1/8 финалето од Лигата на шампиони.
„Кнезовите“ направија огромен чекор напред за пласман меѓу најдобрите осум, а играчите на Арсенал после завршување на мечот ги сменија дресовите со противниците што наиде на свирежи од Емирати.
Како што пренесуваат англиските медиуми на мета бил Тео Волкот, кој влезе во игра во вториот дел и не му помогна на екипата да извлече позитивен резултат.
По свирежите, на публиката му се обрати Волкот, кој се обиде да ја смири ситуацијата, но залудни беа обидите.
Ohridnews