Екипите на Колдинг и Барселона ги поделија бодовите ремизирајќи 27-27 во дербито од Б групата.
Шпанските ракометари го добија првиот дел 16-14, но, во вториот дел не ја задржаа и заминаа со бод.
Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров реализираше пет погодоци, а најефикасен во составот на каталонците беше Никола Карабатиќ со шест голови.
Мх.П.