Екипата на Загреб предводена од Веселин Вујовиќ на клупата го совлада германскиот ракометен гигант Кил со 29-22 на стартот од натпреварите во Лигата на Шампиони.
Пред година дена исто така „зебрите“ претрпеа пораз во загребската Арена, но тогаш загубија со тесни 25-23 овој пат домаќините по уверливи во победата.
Натпреварот изобилуваше со пресврти. Во последните 15 минути од мечот гостите имаа водство, но домаќините бодрени од публиката смогнаа сили и направија комплетен пресврт кој им донесе голема победа.
Пред крајот на дуелот имаше и турканица меѓу играчите од двата состави кој заврши со директен црвен картон за капитенот на Загреб, Златко Хорват.
Ohridnews