Спортскиот директор на Баерн Минхен, Матија Замер не е задоволен од ремито без голови против Шахјтор во првиот осминафинален натпревар.


– Ремито без голови на гостински терен е незгоден резултат бидејќи на реваншот немаш избор освен победа. Убеден сум дека нема да биде лесно на реваншот на „Алијанц арената“ иако ние сме големи фаворити. – рече Замер.

Фудбалерите пак се незадоволни од шпанската судиска делегација на чело со Ундијан Маљенко, кој во 65-та минута на туширање го испрати неговиот сонародник Чаби Алонсо.

– Мораме вака јавно да кажаме дека судијата беше катастрофален. Изгледа мислеше дека суди натпревар меѓу Баерн и Шпанија, а не меч од Лигата на Шампиони. Неговото судење беше далеку од стандардите кои се наметнуваат во ЛШ. – коментираат фудбалерите.

Ohridnews