Ждрепката за четвртфиналните двојки во Лигата на Шампиони си го направи своето однесувајќи ги на мегдан еден против друг фудбалските гиганти како Јувентус – Барселона и Баерн Минхен – Реал Мадрид.


Во првите четвртфинални пресметки на ред се гиганти да покажат најдобро што знаат и умеат. Четвртфиналната завеса ќе ја кренат финалистите од пред две сезони Јувентус – Барселона и Борусија Дортмунд – Монако.

Италијанскиот шампион Јувентус во првиот меч кој го игра на домашен терен има своја задача која мора да ја реши успешно пред реваншот на Ноу Камп. Каталонците поучени од првиот меч во 1/8 финалето кога претрпеа пораз од ПСЖ 4-0 во Торино ќе започнат претпазливо и без залетување.

Во втората полуфинална пресметка која на програмата е вечерва силите ќе ги одмерат Борусија Дортмунд и Монако. Германците години наназад покажуваат блескави настапи во Европа, а французите покажаа дека се подготвени за ново фудбалско чудо елиминирајќи го Манчестер Сити во 1/8 финалето.

Двата натпревари од Лигата на Шампиони се играат во 20 часот и 45 минути.

OhridNews