Голманот на Бенфика, Миле Свилар кој влезе во аналите во Лигата на Шампиони како најмлад чувар на мрежата беше директен виновник за единствениот погодок кој го одлучи победникот на средбата со Манчестер Јунајтед во третата рунда во фазата по групи.
Српскиот интернационалец не ја процени најдобро топката упатена од слободен удар од Маркус Рашфорд и заедно со неа ја помина линијата. Со помош од гол-технологијата главниот судија го призна голот кој на крајот се покажа и пресуден на „Естадио де Луиз“.
Свилар на голот од Бенфика застана со 18 години, еден месец и 21 ден и го поправи рекордот на Икер Касиљас кој Шпанецот го чуваше речиси две децении. Некогашниот капитен на „кралевите“ на голот застана со 18 години, три месеци и 26 денови.
Резултати:
Група А: Бенфика – Мен Ју 0-1, ЦСКА Москва – Базел 0-2
Табела: Мен Ју 9, Базел 6, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0
Група Б: Андерлехт – ПСЖ 0-4, Баерн Минхен – Селтик 3-0
Табела: ПСЖ 9, Баерн Минхен 6, Селтик 3, Андерлехт 0
Група Ц: Карабах – Атлетико Мадрид 0-0, Челси – Рома 3-3
Табела: Челси 7, Рома 5, Атлетико 2, Карабах 1.
Група Д: Јувентус – Спортинг Лисабон 2-1, Барселона – Олимпијакос 3-1
Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Спортинг 3, Олимпијакос 0.
OhridNews