Низ серијал текстови ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12. издание на Годишната ревија на настани.
Во март 2005 година како дел од тогашната ТЦГ Групација во Охрид започна со работа денешната ЛТХ Леарница во еден дел од поранешниот индустриски комплекс на Застава. Во објект и опрема во доста лоша состојба својот работен век го продолжија 90 вработени.
Во 2010 година, компанијата се преименува во ЛТХ Леарница, како дел од словенечката ЛТХ Кастингс Група.
Денес ЛТХ Леарница, има 530 вработени и е лидер во полето на развој, леење, обработка и монтажа на високо комплексни компоненти од алуминиум, како и изработка на алати, еден од стратешките добавувачи во автомобилската индустрија и доверлив партнер на најголемите автомобилски брендови како Mercedez-Benz, BMW, VW, Volvo, TESLA и други.
Како општествено одговорна компанија, континуирано ја поддржува заедницата преку спонзорства и учество во бројни настани и иницијативи од локално значење.
ЛТХ ЛЕАРНИЦА е бизнис приказна на годината во изборот на Охридњуз.
Што ја одбележа 2025 во Охрид, погледнете во Годишната ревија на настани на Охридњуз.
OhridNews














