Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски е осуден на десет ипол години затвор за случајот „Ровер“, односно за помагање во убиството на Маријан Тушевски што се случи во 2001 година.

Кривичниот судски совет денеска ги соопшти пресудите за овој случај, при што на обвинетите кои беа претходно осудени и за помагање во убиството на Киро Јанев, им го скрати ова дело со тоа што ги ослободи од умисла во делот на помагање при убиството на Јанев.

Обвинетите ја примија пресудата со громогласен аплауз, а обвинетиот Љубе Бошкоски ги слушаше пресудите со свртен грб кон судскиот совет. „Не го признавам овој совет“, рече Бошкоски.

Првите тројца обвинети, извршители на убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, се осудени на доживотна казна затвор, Вук Вукичевиќ е осуден на 15 години затвор за помагање, Сашо Јовановски на седум години затвор, Ивица Ристиќ исто на седум години затвор, Зоран Трајковски на осум и пол години затвор, Никола Нигриевски на пет и пол години затвор, колку што доби и Гоце Митровски.

 Оваа пресуда на Основниот суд Скопје 1 следува откако Апелација ја оспори првостепената пресуда на овој суд во случајот „Ровер“.
Со оваа пресуда практично им се намалија затворските казни на обвинетите за околу 1,5 до половина година од првата пресуда.