Шефот на неговото обезбедување Зоран Трајковски доби десет години затвор.
Првите четворица обвинети за убиството, српските државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се осудени на доживотен затвор.
Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по осум години затвор. Никола Негриевски и Гоце Митровски по шест години, а обвинението е повлечено за Милан Спасовски, Едвард Фишер, Благоја Димитривски, Горан Петроски и Бранислава Стојчески.
Судијата пред да ја соопшти, пресудата ја образложуваше половина час.
Во судницата имаше голем број роднини и пријатели на обвинетите кои викаа по судијата, а пресудите ги дочекаа со плачење.
Бошкоски се товари дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на подоцна исто така, ликвидираниот во криминална пресметка Орце Коруновски да нарача убиство за Марјан Тушевски.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година, кога излегувале од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство.
Бошкоски во затворот „Идризово” ја издржува петгодишната затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања.
Makfaks