Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски ќе биде посебен советник за странски инвестиции. Тој бил единствениот кој ги исполнил бараните услови, информира владата. Платата на Бошкоски ќе изнесува 50 000 денари.

Актуелниот претседател на Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, охриѓанецот Рубин Земон, ќе биде посебен советник за мултикултурно општество.

Мандатот на посебните советници трае до истекот на мандатот на премиерот.

OhridNews