На 63-то годишно собрание на Адвокатската комора на Македонија кое траше до доцна во ноќта, со акламација за нов претседател е избран Љубомир Михајловски Џанго. Адвокатот Михајловски на пошироката јавност и е познат и како поранешен министер за внатрешни работи.
Претходно 219-те присутни делегати на Собранието по долга процедура го избраа новиот Управен одбор од седумнаесет члена, кој потоа го изгласа Михајловски за претседател. За негови заменици изгласани се Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Михајловски на чело на Адвокатаската комора ќе го наследи Никола Додевски, кој ја извршуваше претседателската функција во три мандати.
Покрај изборен, Собранието на Адвокатската комора, што се одржа во Струга имаше и свечен дел, во рамки на кој беше одбележана 73-годишнината од постоењето.
Г.М.