Навивачите на Арсенал не го сакаат повеќе на клупата, но Арсен Венгер по кој знае кој пат ја покажа љубовта кон клубот од Емирати.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Венгер во зимскиот преоден рок одбил понуда од неименува кинеска екипа која се граничи со неверојатност. Кинезите на францускиот стручњак му понудиле 30 милиони евра годишна плата со што би станал најдобро платен тренер и општо човек во фудбалот.
Венгер палката на англискиот премиерлигаш ја презеде во 1996 година и моментално е со најдолг стаж во една екипа во светскиот фудбал.
Тој од „топчиите“ направи респектабилна екипа и освои три премиерлигашки титули (1997–98, 2001–02, 2003–04), а во 2006 година учествуваше во финалето од Лигата на Шампиони каде изгуби од Барселона 2-1.
Договорот на Венгер и Арсенал истекува сезонава, а се уште двете страни немаат седнато на преговори, но едно се знае дека љубовта на Венгер кон клубот нема цена.
OhridNews