По завршувањето на осмото и последно коло од групната фаза на фудбалската Лига на шампиони на УЕФА, познати се сите екипи што ќе продолжат во нокаут сегментот. Натпреварите беа исполнети со неизвесност и пресврти до последниот судиски свиреж, вклучувајќи го драматичниот гол на голманот на Бенфика Трубин против Реал Мадрид кој го однесе тимот во плеј-офот.
Директен пласман во осминафиналето обезбедија првите 8 екипи на табелата): Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.
Место во плејоф фазата обезбедија екипите од 9 до 24 местот:
- Реал Мадрид (9)
- Интер (10)
- ПСЖ (11)
- Њукасл (12)
- Јувентус (13)
- Атлетико Мадрид (14)
- Аталанта (15)
- Бајер Леверкузен (16)
- Борусија Д. (17)
- Олимпијакос (18)
- Клуб Бриж (19)
- Галатасарај (20)
- Монако (21)
- Карабах (22)
- Бодо Глимт (23)
- Бенфика (24)
Овие екипи ќе се соочат во плеј-оф натпреварите, а двојките ќе бидат познати во петок за кога е закажан ждребот во УЕФА.
Натпреварувањето заврши за 12 екипи: Марсеј, Пафос, Унион Сен Жилос, ПСВ, Атлетик Билбао, Наполи, Копенхаген, Ајакс, Ајнтрахт Франкфурт, Славија Прага, Виљареал и Каират.
OhridNews













