Блокирни метро линии, разбеснати навивачи, долги колони возила, донесе предиграта во мечот од Европа Лигата меѓу Рапид Виена и Слован Братислава во Виена.

Полицијата мораше да реагира за да ги смири навивачите на Слован (околу 600), кои допатуваа во Виена го блокираа метрото „У4“,  линија која води кон стадионот на Рапид.  Домашните навивачи мораа да барат „алтернативни“ начини како да стигнат до стадионот. Откако оладија главите на „хулиганите“ на ред дојде најважната споредна работа на светот.

А тука домаќините се покажаа како „негостољубиви“ 4-0. Рапид победи во еден интересен и возбудлив меч кој многу лесно можеше да има друг епилог, доколку Махо во 75 минута го погодеше празниот гол на домаќините.

Се до 80 минута од мечот “зелено-белите“ имаа минимална предност. Во тие последни минути се „распадна“ словачкиот систем , и со три „парчиња“ беа испратени дома. Кнасмулер беше играч на мечот постигнувајќи три гола.

– Направивме грешки кои во мечеви од Лигата Европа не се дозволени. Да погодеше Махо, мечот ќе добиеше сосема друг тек. – истакна гостинскиот тренер.

После слабите изданија во Бундес лигата фудбалерите на Рапид „експлодираа“ на мечот против Слован.

– Среќен сум што можев да бидам дел од оваа магична ноќ – истакна тренерот на домаќините Горан Ѓуричин.

Во плејофот Рапид Виена ќе игра против Стеауа од Букурешт.

OhridNews