Валенсија и Реал Мадрид ги поделија бодовите во дерби средбата на Местаља ремизирајќи (2-2) во 18-та рунда од шпанската Ла лига.


„Кралевите“ прво го отворија резултатот  со голот на Карим Бензема по школската акција на Кристијано Роналдо и Герет Бејл.


Пред крајот на првиот дел домаќините со погодокот од белата точка го изедначија резултатот на семафорот.


Возбудувањата во вториот дел започнаа со директниот црвен картон на Матео Ковачиќ по непромислениот старт на противнички играч позади грб.


И со играч помалку гостите повторно стигнаа до предност откако Бејл постигна гол со глава по асистенцијата на Тони Крос.


Но, радоста на „лос бланкос“ не траеше ниту минута. Валенсија преку Пабло Алкасерес одново го изедначи резултатот што на крајот се покажа како конечен резултат.


Резултати : Рајо Ваљекано – Реал Сосиедад 2-2, Гранада – Севиља 2-1, Бетис – Еибар 0-4, Атлетик Билбао – Лас Палмас 2-2, Депортиво – Виљареал 1-2, Валенсија – Реал Мадрид 2-2.

Табела : Атлетико Мадрид 41, Барселона 39 (-1), Реал Мадрид 37, Виљареал 36..

Мх.П.