Рекордното засилување во историјата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба заспал и не се појавил во договореното време на тренингот во „Керингтон“ резединацијата на „црвените ѓаволи“ после победата над Арсенал на Емирати (3-1).

Луѓе од стручниот штаб на Жозе Мурињо хитно ја заминале во куќата на францускиот репрезентативец и го разбудиле, откако Погба не кревал на телефон и не одговарал на ниту една порака од соиграчите.

На постапката од Погба бурно реагирале постарите и поискусните играчи Мајкл Карик, Ешли Јанг и Златан Ибрахимовиќ кои на тренинзите биле доста пред помладите фудбалери во екипата.

Како што пренесува „Дејли Меил“, португалскиот стручњак Жозе Мурињо пред играчите не го казнил Погба, туку разговарале сами во канцеларијата на менаџерот.

Погба на дуелот со Арсенал беше еден од најдобрите, но еден непромислен старт над Белерин го чинеше црвен картон и пауза од три натпревари.

OhridNews