Како и секоја година, сајтот Moviemistakes.com составил листа на филмови со најмногу грешки и нелогичности во изминатата година, а неславното прво место во 2012 му припаднало на филмот „Луѓе во црно 3“. Монтажата на филмот е комплексна задача. Често се случува во последен момент некои сцени да се исфрлат и да се замнеат со други, со дополнително снимени кадрови. Гледачите воглавно не ги забележуваат ситните нелогичности во филмот, како пример откопчано копче кое требало да биде закопчано, вазна која се појавува на различни места во иста сцена и слично.
Филмот „Луѓе во црно 3“ содржел вкупно 63 грешки. На второто место се нашол најновиот филм за Џејмс Бонд, “Skyfall”, во кој биле пронајдени 35 грешки, додека третото место со по 24 грешки го зазеле најновите филмови за Бетмен и Спајдермен.