Една нова студија потврдила дека луѓето навистина се поубави на лето. Речиси три четвртини од испитаниците во анкетата која ја организирал сајтот за онлајн контакти Match.com рекле дека летната фотографија на некои лица е многу поубава од зимската варијанта. Во летното окружување лицето делува посреќно, изјавиле 72 проценти од учесниците, додека половина рекле дека изгледа поздраво. Речиси една третина сметала дека сонцето придонесува за самодовербата, а 21 процент дека луѓето изгледаат поубаво во летна гардероба.

И самите испитаници за себе рекле дека се чувствуваат попривлечно на лето, додека само два проценти сметале дека побаво изгледаат во зима. Сајтовите за онлајн забавување ги замолиле своите членови да го потврдат ова така што на профилот ќе стават летни фотографии и така ќе ги зголемат шансите за успех.