
Луѓето во Kостарика живеат најсреќно
06.07.09 00:05
Едно британско еколошко здружение испитало каде во светот луѓето живеат најсреќно. Според анкетата 85% од жителите на Костарика се среќни што живеат во оваа центрлноамериканска земја. Просечниот животен век изнесува 78,5 години.

Државата е многу близу до рамнотежата помеѓу производството и потрошувачката на природните ресурси. Втора после нив е Доминиакнската Република, а трета Австралија. Латинска Америка зазема девет од првите десет места на листата за најсреќни луѓе во светот. Велика Британија е на 74-тото место, а последна е Зимбабве.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











