Актуелниот шампион во шпанската Ла Лига, Барселона со негатива од шест бодови ќе стартува во дерби со Реал Мадрид познато како „Ел Класико“.
Каталонците, кикснаа на Аноета ремизирајќи (1-1) со составот на Реал Сосиедад кој ги заслужи трите бодови според играта и шансите.
– Тоа што мечот заврши 1-1 е право чудо. Единствено само освоениот бод е наша позитивна работа од дуелот со Реал Сосиедад, други ништо. И да не победеја немаше да биди незаслужено бидејќи ние не личевме на Барселона. Без топката во посед бевме катастрофални. Не добивме ниту пет проценти од дуелите, што значи немавме пристап и агресивност, а без овие сегменти на гостински терен неможеш да победиш. Во второто полуврема малку се поправивме, но далеку од тоа што сите го очекуваме. Се прашуваме дали и бод освоивме на Аноета, но тоа е фудбалот гледаме понатаму. – рече Луис Енрике.
Барселона на гостувањето во Сосиедад имаше негативен посед на топката (52-48) прв пат после шест години.
Кикс на Барселона на „Аноета“ пред Ел Класико (видео)
OhridNews