Првиот човек од стручниот штаб во Барселона, Луис Енрике за момент ја спушти топката на Ноу Камп. Тој на официјална прескофенреција отфрли секакви кавги со Лионел Меси и ултиматум за кој пишуваа шпанските медиуми.
– Односите мои со играчите се одлични како и на почетокот од сезоната. Разговарам отворено со сите фудбалери за проблемите кои не зафатија во овој период. За сега не сум добил никаков ултиматум од првиот човек на Барселона. Победите со мој приоритет затоа сум на чело на овој клуб – рече Луис Енрике.
По завршување на сезоната во каталонскиот клуб ќе има вондредни претседателски избори откако клубот го разреши Андони Зубизарета.
Мх.П.