Барселона во петтата рунда од шпанската Ла лига на гостувањето во Виго од Селта го претрпе првиот пораз во новата сезона. Домаќините пред своите гледачи славеа со убедливи 4-1 и ја прекинаа победничката серија на каталонците.


– Овој натпревар само го потврди квалитетот на Ла лига оваа сезона. Селта сосема заслужено не победи и ги освои трите бодови. Тие доминираа на теренот, постигнуваа голови и знаеаја од стартот што сакаат. Ние пробавме се за да им се спротиставиме, но не успеавме. – рече Луис Енрике тренерот на Барселона.

По поразот каталонците ја изгубија првата позиција на табелата и на нивно место се пласираше Реал Мадрид кој со 2-1 триумфираше против Атлетик Билбао.

Во следната шеста рунда Барселона на Ноу Камп ќе го пречека составот на Лас Палмас.

Ohridnews