Екипата на Барселона ќе го брани трофејот во Купот на Шпанија, откако го елиминираше Атлетико Мадрид со вкупен резултат 3-2 во полуфиналето.
Каталонците во финалето ги одведе победата на Винсенте Калдерон (2-1), бидејќи мечот на Ноу Камп заврши без победник (1-1).
– Беше многу тешко и треба да бидеме среќни што обезбедивме пласман во финалето. Во текот на 90-те минути на Ноу Камп не заслуживме да победиме, но кога ќе се собере се финале секако дека заслуживме да играме. – изјави Луис Енрике.
Барселона во финалето ќе го брка 29-от трофеј, а во последните седум години каталонците учествувале во шест финилиња.
Реми на Барса, доволно за пласман во финалето во кралскиот куп (видео)
OhridNews