Фудбалерите на Баерн Минхен се наоѓаат пред (не)возможна мисија да ја анулираат високата предност (3-0) на каталонците од првиот полуфинален натпревар во Лигата на Шампиони.


На „баварците“ им успеа да се вратат од мртвите во четвртфиналето совладувајќи го Порто со 6-1 во реваншот по поразот на првиот натпревар 3-1.

– Водството од првиот натпревар треба да го заборавиме исто како што ќе го направат и тие. Треба да играме од почеток и да бидеме многу повнимателно од првиот натпревар. Германците се ранети, а знаете колку е лошо кога се борите против ранет ривал. Најдобар пример имаме во четвртфиналето кога Баерн Минхем го здроби Порто по поразот во првиот натпревар. – потенцираше Луис Енрике.


Со двата погодоци на Лионел Меси и едниот на Нејмар составот на Барселона го нокаутираше Баерн Минхен, кој се уште не го кажал последниот збор.

Мх.П.