Барселона го декласираше Реал Мадрид во „Ел Класико“ дербито победувајќи со 4-0 на Сантијаго Бернабеу. Каталонците со по два гола во двете полувремиња ја запишаа најубедливата победа во последните пет во мечевите со Реал Мадрид.
– Кога тимот перфектно ги одработува задачите во одбраната, нападот има свежина да постигнува голови. Мислам дека Реал Мадрид не се предаде туку ние бевме многу добри. – рече Луис Енрике тренерот на Барселона.
Тој се осврна и на победата која ги одлепи на шест бодови од Реал Мадрид на табелата во Ла Лига.
– Голема и незаборавна победа за сите нас. Тие ни се наш најголе ривал и секогаш се бориме за исти трофеи. Чувството неверојатно како одигравме и каква победа забележавме. – заврши Енрике.
Навивачите на „кралевите“ со аплауз ги испратија каталонците додека со свирежи го „наградија“ Рафа Бенитез.
Ohridnews












