Екипата на Барселона на гостувањето во Париз во првиот меч од осминафиналето во Лигата на Шампиони претрпе неочекувано висок пораз 4-0. Каталонците последен пат четири погодоци во еден меч примија од Баерн Минхен во 2013 година.
– Нашиот противник беше супериорен на секаде од теренот. Имаа многу шанси, подобро играа и жестоко напаѓаа и резултатот кажува се. Не очекувавме ваков тежок пораз и шокирани сме, иако знаевме дека пред нас е голем предизвик. Се уште не е завршена нашата приказна во ЛШ, но ќе биде многу, многу тешко на реваншот. – рече тренерот на Барселона, Луис Енрике.
По убедливиот пораз во прилог на Барселона не оди ниту традицијата, бидејќи никој до сега во најеминетното клупско натпреварување не се вратил од негатива 4-0.
ЛШ: ПСЖ ја растури Барселона (видео)
OhridNews