Барселона најверојатно нема да го продолжи договорот со тренерот Луис Енрике кој истекува по завршување на тековната сезона.


Како што пренесуваат шпанските медиуми, клубот му поставил сериозен ултиматум на Луис Енрике кој мора да го исполни за продолжување на соработката.

Луис Енрике ќе мора да ги освои титулите во Лигата на Шампиони, Примера лигата и Купот на Шпанија за нов двогодишен договор.

Екипата од Ноу Камп после половина одиграни мечеви во Ла Лига има заостаток три бодови од лидерот Реал Мадрид кој има меч помалку и 39 натпревари без пораз во сите конкуренции.

Формата на „кралевите“ не му дава многу надеж и шанса на Луис Енрике на Ноу Камп. Единствена можност за стратегот ќе биде Лигата на Шампиони, но во ултиматумот стои нешто друго.

Како потенцијални наследници за Луис Енрике се споменуваат Ернесто Валверде од Атлетик Билбао, Роналд Куман (Евертон), Хорхе Сампеоли (Севиља), Еузебио (Реал Сосиедад) и Томас Тухел од Борусија Дортмунд.

OhridNews