Екипата на Барселона претрпе пораз од Баерн Минхен 3-2 во реванш натпревар во 1/2 финалето, но благодарение на победата 3-0 од првиот меч обезбеди пласман во финалето од Лигата на Шампиони.
– Пресреќни сме ! Моите фудбалери беа одлични. Морам да им честитам без разлика што загубија. – рече во еуфоријата Луис Енрике и додаде околу противникот, кој ги очекува во финалето. Ќе видиме во среда, кој ќе ни биде противник, но нека победи подобриот. Нашата цел е јасна и било кој противник нема да ја намали нашата желба за трофејот.
Намерите на Барселона во осмото финале во најеминетното натпреварување ги потврди и Андрес Иниеста, кој до сега два пати се има радувано на трофејот.
– Се осети голема разлика во играта на Баерн Минхен од првиот натпревар. Затоа и изгубивме, но тоа не го намалува нашиот успех. Кога веќе се наоаѓаме во финалето сакаме да го освоиме и затоа ќе дадеме се од себе. – потенцираше Иниеста.
Мх.П.