Четиркратниот европски првак Барселона заврши голема работа на гостувањето во Манчестер победувајќи го домаќинот со 2-1 во првиот осминафинален натпревар.


– Ја остваривме целта во првиот натпревар, а сега ни преостанува на домашен терен да го зграпчиме четвртфиналето. Доминиравме на теренот особено во средината каде потполно им го затворивме нивниот главен играч Давид Силва. – рече стратегот на Барса, Луис Енрике.

Победата можеше да биде поубедлива ако Лионел Меси успеше во погодок да го претвори ударот од белата точка во судиското продолжение.

– Без разлика на промашениот пенал Меси одигра одличен натпревар. Тој асистираше за првиот погодок и ги разигруваше играчите во текот на целиот меч. Што се однесува до Суарез тој е врвен играч и затоа е дел од нашиот состав. – заврши Луис Енрике.

Ohridnews