Барселона со 7-0 го совлада Селтик во првата рунда од Лигата на Шампиони, а Лионел Меси повторно беше во центар постигнувајќи хет трик кој е шести и рекорден во ова натпреварување.
Пофални зборови за Меси не штедеше тренерот на каталонците, Луис Енрике кој беше под голем притисок по поразот од Алавес во Ла Лига.
– Меси игра на сите позиции затоа што има слобода тоа да го прави. Сепак, без разлика Меси каде ќе игра тој ги прави работите толку едноставни што мене, а се надевам и на гледачи ни преостанува само да уживаме. Не е паметно да ограничиш него со тактика бидејќи така само ќе загушиш неговиот фудбалски раскош. – рече Луис Енрике.
Барселона одигра совршен натпревар вклучувајќи го и голманот Андре тер Штеген кој при резултат 1-0 успеа да скроти удар од белата точка.
– Направивме една грешка во текот на мечот, но тука беше нашиот голман да ја поправи, што значи дека имавме совршен натпревар. Иако победивме убедливо не беше лесно, но многу ми е драго што сите заедно уживавме во нова магична фудбалска престава на моите фудбалери. – додаде стратегот на каталонците.
Покрај трите погодоци, Меси асистираше за Луис Суарез и изнуди удар од белата точка, кој го реализираше Нејмар.
ЛШ: Барселона и Баерн Минхен распукаа од почеток (видео)
OhridNews