Португалската фудбалска легенда Луис Фиго, кој е еден од кандидатите за прв човек на ФИФА на англискиот стадион „Вембли“ ја презентираше програмата.
Негов главен адут е проширување на репрезентациите учесници на Светските првенства од 32 селекеции на 40 или 48.
Проширувањето на селекциите учесници на Мундијалот ќе биде шанса и за македонската селекција, која во досегашниот систем на квалификации не забележа поголем успех.
– По природа не сум човек кој седи на страна и само гледа. Не, јас сакам да го променам имиџот на ФИФА. Сакам да му вратам на фудбалот што тој ми даде мене. – рече Фиго на презентацијата.
Против кандидати на некогашниот најдобар играч се моменталниот претседател Сеп Блатер, принцот од Јордан, Али бин ал Хусеин и првиот човек на холандската фудбалска федерација, Михаел ван Праг.
Ohridnews