Луис Суарез признал дека ја лажел сопругата дека не го гризнал Џорџо Кјелини на натпреварот Уругвај-Италија, одигран на Мундијалот во Бразил во 2014 година.


Уругвајскиот репрезентативец порад тој потег доби црвен картон, а подоцна и суспенија од ФИФА. Суарез доби четиримесечна суспензија, а во тој период тој потпиша договор со Барселона.

– Се што се случуваше потоа беше болно. Децата стално ме прашуваа зошто не играм. Тие знаат дека јас сум само обичен човек и дека правам грешки како и сите други луѓе. Жал мие што ја лажев Софија. Сопругата ме праша дали го гризнав Кјелини, а јас го негирав тоа. Ми беше тешко, бидејќи таа знаеше дека јас не сум таков. Дури и медиумите ми поставуваа прашања како се однесувам со семејството. – изјави Суарез, а пренесува „Макфакс“.

Луис Суарез рекол дека додека му траела суспензијата бил многу лут на ФИФА. – Можете некого да казните, да го суспендирате… но да му забраните да тренира, или да го гледа внукот како тренира, мислам дека тоа не беше фер. Тоа не го разбирав. Не е проблем да бидам суспендирам на 10, 15, 20 натпревари, но односот на ФИФА кон мене беше нефер. Луѓето од ФИФА требаа да имаат разбирање, да ‘влезат во мојата кожа’, да разберат дека таква суепнзија боли. Лани не бев на свечената церемонија на ФИФА и никогаш нема да одам. Немам проблем да го кажам тоа.

OhridNews