Трофејниот холандски тренер Луис ван Гал се повлече од фудбалот осум месеци по отказот од англискиот премиерлигаш, Манчестер Јунајтед.

– И минатата година реков дека ќе престанам, но подоцна ја променив од одлуката и продолжив. Првично сакав да се повлечам после Мундијалот, но дојде понудата од Манчестер и ја прифатив. Оваа одлука сега е конечна и не се враќам во фудбалот повеќе. – изјави за холандските медиуми, Ван Гал.


Холанѓанецот иако се поврзуваше со неколку екипи од европскиот фудбал повлекувањето го прави исклучиво од фамилијарни причини. – Толку многу работи ни се случија во фамилијата, што едноставно им требам на сите. Ќе се посветам на нив максимално, затоа што тие се жртви од мојата работа во фудбалот.

Ван Гал тренерската кариера ја започна 1991 година во Ајакс со кој успеа да освои три титули во Холандија и една во Лигата на Шампиони.

Потоа, специфичниот стратег ја презеде Барселона. Со клубот од Ноу Камп два пати ја покори Шпанија, а по еден трофеј донесе од Купот на Шпанија и Супер купот на Европа.


Холанѓанецот имаше успешни мисии во АЗ Алкмар каде ја освои титулата во Холандија и во Баерн Минхен со кој освои неколку трофеи во Бундес лигата и стигна до финалето во Лигата на Шампиони.

На „црвените ѓаволи“ во двогодишниот престој им донесе една титулата и тоа во ФА Купот, по која беше избркан од Олд Трафорд.

На репрезентативно ниво ја предводеше Холандија на Мундијалот во 2014 и ја одведе до 1/2 финалето, а во малото финале го освои третото место.

OhridNews