Екипата на Лук Оил од Бугарија го освои бронзениот медал на меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“. Во малото финале „црвено белите“ го совладаа Металац со 79-69 (19-24, 21-16, 20-15, 19-12).


Клучната разлика, која на крајот значеше  триумф кошаркарите на Лук Оил ја направија на стартот од последната четвртина, а рутински ја сочуваа не давајќи му просто за изненадување на Металац.


Најпрецизен во „бронзениот“ состав на Лук Оил со 24 поени беше Аландо Тукер додека пет помалку (19п.) од него реализираше Дејвин Вајт. Бојан Бакиќ со 19 кошеви беше најефикасен во екипата на Металац.

Мх.П.