Репрезентативецот на Хрватска и членот на Реал Мадрид, Лука Модриќ е новиот крал во светскиот фудбал. Модриќ, вечерва во Париз се закити со „Златната топка“, признание кое го доделува престижниот француски весник „Франс фудбал“.

Модриќ во потесната конкуренција ги совлада Ентони Гризман, Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. 33-годишниот фудбалер на Реал Мадрид со освојувањето на „Златната топка“ ја прекина десетгодишната доминација на Роналдо и Меси и на најдобар можен начин ја заокружи најдобрата година во професионалниот фудбал.

Петкратните освојувачи на „Златната топка“, Роналдо и Меси, кои, не се појавија на гала церомонијата во Париз завршија на втората односно петтата позиција. Ова е најслаб пласман за Аргентинецот, откако почна да конкурира за престижното признание.

Наградата за најдобра фудбалерка и припадна на Норвежанката Ада Хегерберг, додека за најдобар фудбалер во младинска конкуренција одбран беше Килијан Мбапе.

OhridNews