Лука Модриќ на гала церомонијата во Париз беше крунисан со наградата „Златната топка“, која ја доделува реномираниот весник „Франс фудбал“. Хрватот успеа да ја стопира доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои десет години наизмечно ја освојуваа наградата.

  • Почестен сум. Ова е повеќе од остварување на детскиот сон. Оваа е награда за моите соиграчи и сите мои тренери. Селекторот Далиќ, Реал Мадрид. Како дете посакував да игра во голем клуб, а сега ја освоив Златната топка. Ова е неверојатно. И сакам да и се заблагодарам на мојата фамилија. – изјави Модриќ.

33-годишниот фудбалер со Реал Мадрид успеа да ја одбрани титулата во Лигата на Шампиони, а со репрезентацијата на Хрватска беше дел од големото финале на Мундијалот. Модриќ, прво се закити со награда за најкорисен играч на СП, потоа за најдобар фудбалер во светот од ФИФА, а годината за паметење ја комплетираше со „Златната топка“.

OhridNews