Капитенот на Хрватска и членот на Реал Мадрид, Лука Модриќ избегна судење и евентуална затворска и парична казна, откако се договори со шпанските обвинители околу затајувањето и неплаќањето на данок во Шпанија.

Модриќ со шпанскиот суд најде заеднички јазик и ги плати потребните милион евра за прекинувањето на постапката која судот ја водеше три години против него.

Хрватот во 2012 година кога се пресели од Тотенхем во Реал Мадрид со својата сопруга отворил фирма во Луксембург која ги имала сите права на името на Модриќ. Во 2013 и 2014 преку фирмата успеал да сокрие дел од заработените пари и избегнал плаќање на данок во Шпанија.

Во Реал Мадрид уште неколку фудбалери се обвинети за неплаќање на данок помеѓу нив се Марсело, Кристијано Роналдо, Карим Бензема.

OhridNews