Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, денеска, пред навивачите на кралскиот клуб имаше официјална презентација во дресот на Реал Мадрид. 21-годишниот фудбалер на Сантијаго Бернабеу се пресели од Ајнтрахт Франкфурт. „Кралевите“ во име на оштета на германскиот бундеслигаш ќе му исплатат 60 милиони евра.

  • Јас сум најсреќно дете на светот затоа што потпишав договор со Реал Мадрид. Сигурен сум дека ја донесов најдобра можна одлука за својата иднина. Ветувам дека ќе давам се од себе да му помогнам на клубот да освојува титули. – изјави Јовиќ.

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез на Јовиќ му рече дека ова е голем предизвик и така ќе треба да пристапи.

  • Доаѓаш од одличен клуб и квалитетна лига, но овде барањата се уште поголеми и лигата уште поквалитетна. Ова е твој најголем предизвик во кариерата а можеби во животот, бидејќи ако успееш во Реал Мадрид ќе можиш секогаш и секаде. – истакна Перез.

Јовиќ е еден од двата потврдени трансфери на Реал Мадрид. Преостанатиот е ангажманот на Еден Азард, кој допрва ќе има презентација во Мадрид.

OhridNews