Лука Јовиќ ќе биде нова ударна игла на нападот од Реал Мадрид
14.04.19 12:06
Српскиот репрезентативец и членот на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ ќе биде новиот фудбалер задолжен за голови во шпанскиот гигант, Реал Мадрид.
Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, клубот од Сантијаго Бернабеу ќе ја плати потребната сума од 70 милиони евра за Јовиќ и ќе го ангажира. Во трка за потписот на Јовиќ била и Барселона која се повлекла поради големата финансиска оштета одредена за српскиот фудбалер.
Јовиќ со 17 погодоци е втор стрелец во Бундес лигата, а во германскиот клуб настапува како позајмен фудбалер од португалска Бенфика.
Спортскиот директор на ГКК Охрид, Марјан Бошалевски, излезе со јавна реакција и осуда по инцидентот кој вчера се случи на кошаркарскиот натпревар во Охрид, упатувајќи извинување до службените лица ...
Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик во репрезентацијата на Македонија до 15 години Виктор ќе биде дел од националниот тим на пријателските натпревари против селекци...
Макс Верстапен со Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, по неизвесна борба со возачите на Мерцедес и Мекларен Холанѓанецот низ целта мина со само 0,639 сек...