Додека сите спортисти поради пандемијата на вирусот Ковид -19 во домашни услови со разно разни тренинзи ја одржуваат физичката подготвеност, Лука Јовиќ ќе паузира и ќе ја лекува бизарната повреда. Повредата не е наивна бидејќи се работи за скршеница на десното стапало, туку начинот на кој се повреди фудбалерот на Реал Мадрид е бизарен.

Клубот од „Сантијаго Бернабеу“ ја потврди информацијата околу повредата и најави дека фудбалерот ќе паузира најмалку шест седмици. Среќа во несреќа за Јовиќ е паузата во Ла лига и најавите дека таа ќе се рестарита на 20 јуни. Српскиот репрезентативец, можеби нема да му биде на располагање на Зинедин Зидан за стартот на мечевите, но подоцна сигурно ќе биде во комбинација.

На Јовиќ не му е прв пат да биде во центар на светската јавност. Србинот во моментите кога се прекина сезоната во Шпанија, ги прекрши сите правила и се врати во Србија, каде исто така не ги испочитува мерките и излезе на прошетка со својата девојка Софија Милошевиќ. Таа, подоцна, објави дека е бремена од Јовиќ и затоа фудбалерот се вратил дома.

OhridNews