Напаѓачот на Верона, Лука Тони со „паненка“ гол од пенал и победа (2-1) над старо-новиот шампион во Италија, Јувентус се прости од фудбалот.


38-годишниот фудбалер на коло пред крајот од италијанската Серија А го одигра последниот меч во кариерата, а и на него успеа да се запише во листата на стрелци.

Тони, ударот од белата точка го изведе со „паненка“ шут на кој наседна резервниот голман на „старата дама“, Нето.


Робусниот напаѓач зад своето име останува голем број на голови постигнати во екипи како Бреша, Палермо, Фиорентина, Рома, Јувентус и Баерн Минхен.


Во својата кариера Тони има освоено титула со Јувентус во Серија А, две титули со „баварците“ во Бундес лигата, а круна на неговата кариера е титулата од Мундијалот во Германија 2006 година со селекцијата на Италија.

OhridNews