Фудбалерите на Евертон со триумфот над Сандерленд (3-0) во последниот меч од 4-та рунда го продолжија почетокот од соништата во Премиер лигата.
„Карамелите“ со трите нови бодови го поминаа Манчестер Јунајтед и се изедначија со Челси кој се наоѓа на втората позиција на табелата со десет бодови.
Херој на Евертон беше белгискиот репрезентативец Ромело Лукаку кој од 60-та до 71-та минута три пати ја погоди мрежата на „црните мачки“.
Поразот од Евертон дополнително го закова на дното Сандерленд кој има само еден бод по четири одиграни натпревари.
OhridNews