
Корпулетниот напаѓач постигна два голови на подготвителни мечеви и покажа дека ќе биде од голема корист за четата португалскиот стручњак Жозе Мурињо.
– Во Манчестер Јунајтед дојдов да освојувам трофеи и да бидам дел од историјата на клубот. Првично работам на подигање на формата и сакам да бидам максимално подготвен за почетокот на сезоната. – изјави Лукаку.
Напаѓачот одби да ги коментира споредбите со Дидиер Дрогба. – Не сакам да се споредувам со никого, бидејќи јас си имам своја приказна. Дрогба е класичен центарфор, за разлика од мене кој сака повеќе ја држи топката.
OhridNews











